ДАЧИЌ ГИ НАРЕЧЕ ФИФА ЛИЦЕМЕРНИ - со знамето „нема предавање“ мислевме на фудбалот, што имаше тука страшно
Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ денеска го оцени како лицемерен потегот со кој Светската фудбалска организација (ФИФА) покрена дисциплинска постапка против репрезентацијата на Србија, откако во нејзината соблекувална на натпреварот со Бразил на Светското првенство во Катар, наводно било закачено знамето на кое е прикажана територијата на Косово, со порака „Нема предавање“, јави дописникот на МИА од Белград.
-Замислете ако Украина каже -Крим е Украина, нема предавање. Дали некој би ја казнил и би ја избркал Украина?, праша Дачиќ во гостувањето на телевизијата Прва и додаде дека како држава Србија не може да реагира, бидејќи е спортска организација.
Тој изјави дека ова само зборува за лицемерието и праша што е навредливо во пораката „Нема предавање“?
-Што е навредливо кога некој вели дека нема предавање? Па што да кажат, дека ќе се предадат? Второ, тие зборуваат за фудбал и „не се предаваат“ се однесува на фудбалските натпревари. Загубивме од Бразил и се очекуваше да загубиме, но сега имаме решавачки натпревари со Камерун и Швајцарија, изјави Дачиќ.
