Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дачиќ: Една држава сака да го повлече признавањето на независноста на Косово

Дачиќ: Една држава сака да го повлече признавањето на независноста на Косово

На вонредна прес конференција српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ информираше дека на 27 јуни добил нота од страна на една држава дека ќе го повлече признавањето на независноста на Косово, но дека нема да открие за која земја станува збор, се додека официјалната нота не дојде до најблиската српска амбасада.

Тој го покажа документот кој го добил на имаил на 27 јуни, во која се наведува дека таа земја го повлекува признавањето на едностраната прогласена независност на Косово.

„ Мислев да чекам две, три повлекувања на признавањето, и да ги објавувам сите заедно ... Еве уште ја покажувам нотата, а земјата не е од Африка за Пацоли да се пресели на друг континент“, изјави Дачиќ, потврдувајќи дека станува збор за земја која има петпати поголема површина од Србија и додаде: „Јас ги молам да ми покажат други ноти ако ги имаат, кои се валидни. Секој може да напише писмо. Јас не твитам, јас ви ги покажувам дикументите. Нека покаже и Пацоли“.


Дачиќ истакна дека оние земјите кои сакаат да го послечат признавањето на Косово се подложени на голем притисок и дека, каде и да оди, одат и претставници на властите во Приштина и затоа го повика министерот за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли во следните денови да се обиде да дознае која е земјата која го повлече признавањето.



Слично

Поврзани вести