Дачиќ: Еден полицаец е повреден во Ваљево, досега се уапсени 18 лица, но бројот ќе се зголеми
Во соседна Србија, синоќа имаше антивладини протести во Белград, Нови Сад, Ваљево.
„Еден полицаец е повреден во Ваљево, досега се уапсени 18 лица, но бројот ќе се зголеми“, изјави министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.
Министерот на прес-конференција во врска со насилството на протестите и судирите меѓу демонстрантите и полицијата во неколку градови изјави дека вечерва имало драстично кршење на јавниот ред и брутални напади врз полициските сили.
Полицијата интервенираше и го воспостави јавниот ред и мир во Ваљево, Белград и Нови Сад.
„Еден жандарм е повреден во Ваљево, рече Дачиќ. Досега се уапсени 18 лица“, рече министерот.
Тој истакна дека бројот ќе се зголеми. Инаку, во Србија со месеци има антивладини протести, откако лани на 1 ноември се урна натстрешница во Нови Сад и загинаа 15 луѓе.
Во Ваљево синоќа демонстранти го запалија штабот на СНС.
Tри дена по ред има антивладини протести во Србија.
