Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дачиќ доаѓа во Скопје

Дачиќ доаѓа во Скопје
Министерот за надворешни работи на Република Србија, Ивица Дачиќ в понеделник ќе престојува во еднодневна официјална посета на Република Македонија, соопшти македонското МНР. Покрај средбата со својот домаќин, Министерот за надворешни работи Никола Попоски, Дачиќ се очекува да биде примен од Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов и од Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски. За време на посетата се очекува соговорниците да се осврнат на севкупната соработка меѓу Македонија и Србија како и можностите за нејзино натамошно унапредување. Се очекува да стане збор и за одржување на втората Заедничка седница на Владите на Македонија и Србија, во Република Македонија, по можност до крајот на оваа година. Посетата ќе биде искористена и за размена на мислења околу актуелните меѓународни прашања, како и за соработката во рамките на мултилатералните и регионални организации.
Слично

Поврзани вести