Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДАЧИЌ ДО БРИСЕЛ: Не само што пораснавме, туку наскоро ќе умреме чекајќи на ЕУ

ДАЧИЌ ДО БРИСЕЛ: Не само што пораснавме, туку наскоро ќе умреме чекајќи на ЕУ

Не само што пораснавме, туку наскоро ќе умреме чекајќи на ЕУ, изјави српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, во Блед. 

Тој вели дека за Западен Балкан членството во Унијата станува бајка и далечна иднина, а на регионот му требаат гаранции за блиска иднина и искреност од Брисел.

„Тоа што ќе биде за 30 години е како кога ќе им ветите на своите деца дека кога ќе пораснат ќе им купите нешто. Ние во Западен Балкан не можеме лажно да се надеваме бидејќи веќе пораснавме“, додаде Дачиќ.

Тој во своето oбраќање на панелот „Западен Балкан – европеизација, демократизација, заедничка одговорност“ во рамки на Стратешкиот форум на Блед, кажа дека Балканот очекува новата Европската комисија да не лаже повеќе и  убаво да каже дали ќе има влез во ЕУ или не.

Слично

Поврзани вести