Дачиќ: Западот со својот некоректен однос ја турка Србија во прегратките на Русија, Кина и другите
Западот не турка во прегратките на Русија, вели новиот српски министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ.
Кажа дека Западот со својот некоректен однос ја турка Србија во прегратките на Русија, Кина и другите. Toj вели дека не се сеќава ваквиот притисок врз Србија да бил посилен од 1999 година, јави дописникот на МИА од Белград. Во интервју за денешен „Курир“ Дачиќ кажа дека „сите наши партнери во ЕУ и на Запад добро ја разбираат позицијата на Србија во однос на санкциите против Русија, која е многу специфична бидејќи не ни е лесно да воведеме санкции врз кој било“, оценувајќи дека е можно да се најде заеднички јазик и разбирање, но дека тоа нема да биде лесно бидејќи притисоците се се посилни. За тоа дали Србија сè уште може да одолее на притисокот за воведување санкции кон Русија, тој рече дека тоа не е прашање „од вчера, тоа е тема од 2014 година, кога Западот ги воведе првите санкции против Русија“.
foto Facebook
