Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дачиќ: Србија не сака создавање косовска армија

Дачиќ: Србија не сака создавање косовска армија

Србија е заинтересирана за мирот и стабилноста на Косово, но е против создавање на армија на Косово и оваа тема би требало да се разговара на ниво Совет за безбедност на ОН.

Ова го изјавил министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.

Дачиќ, кој зборелуавл за време на семинарот на Парламентарното собрание на НАТО на тема „Србија, Западен Балкан и евроатланската заедница“, истакнал дека Србија е против создавање на воена формација. Според него, тоа е во спротивност со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност.

„Ова може да има одредени последици врз безбедноста во регионот, бидејќи своевремено кога беше прекината војната во Косово, беше предвидено единствените вооружени сили во Косово да бидат меѓународните сили, односно КФОР“, додал Дачиќ.

Тој исто така потсети дека за време на потпишувањето на бриселскиот договор премиерот на Србија, Александар Вучиќ, и косовскиот премиер Хашим Тачи, заедно со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Кетрин Ештон и тој лично биле во седиштето на НАТО, каде што претставниците на воената организација им доставиле гаранции дека нема да им биде дозволено формирање на вооружени формации на Албанците од северно Косово без согласност на КФОР.

Слично

Поврзани вести