Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дачиќ: Разочарани сме од ставот на Македонија и Црна Гора, ама не сме изненадени од нивниот глас

Дачиќ: Разочарани сме од ставот на Македонија и Црна Гора, ама не сме изненадени од нивниот глас

Првиот претседател на владата во Србија и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјавил дека Србија е разочарана од ставот на Црна Гора и Македонија кои се во извршниот совет на Унеско и гласале за препораката на Косово за членство, но тоа не ги изненадило.

„Тоа е нешто што сигурно во односите со нив мора да си го поставиме како прашање-рекол Дачиќ. Како некој однесува кон нашите интереси, така и ние ќе се однесуваме кон нив.

Дачиќ додал дека не верува дека тие ќе гласаат за некои работи на меѓународен план. Министерот за надворешни работи рекол дека Косово не ги исполнува претпоставките да биде член на Унеско, дека ОН не дале позитивно мислење, и дека „Косово не ги поминало квалификационите тестови“ и дека тие „културното богатство го уништувале“.

-Овде говориме за суштинско прашање за српскиот народ и тоа е наша историја и наше наследство, наши свети места.Некогаш за тоа се воделе крсташки војни-додал Дачиќ.

Сепак, не е се готово и Србија треба да продолжи да се бори рационално и да се обиде таа одлука да ја оспори на генералната конференција на таа организација во ноември.

Слично

Поврзани вести