Дачиќ молел за српското Фиќо- автомобилот оди во Русија
Русија ветила дека ќе дозволи бесцарински увоз на одредени квоти за автомобилите на „Фиат“, произведен во Србија, иако тоа не е нејзин економски интерес.
-Русија има своја автомобилска индустрија, има милион вработени во таа индустрија, а има и доволно проблеми. Нелогично е да се бара таа да ни одобри извозот на „Фиат“ да биде под режимот на слободна трговија, бидејки имаат свои производители, изјавил Дачиќ.
Тој истакнал дека го “молел“ Путин бидејки веќе не може да го издржи притисокот на јавноста и министерството за финасии да се согласи на бесцарински увоз.
-Путин ми вети дека тоа ќе го стори, дека Русија ќе увезе некои мали количини за почеток, додава српскиот премиер.
Слично
