Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дачиќ: Косово го решаваме за да живееме нормално, а не за да добиеме датум за ЕУ!

Дачиќ: Косово го решаваме за да живееме нормално, а не за да добиеме датум за ЕУ!
Српскиот премиер Ивица Дачиќ истакна дека 16 април, денот кога високата претставничка на ЕУ, Кетрин Ештон го поднесува извештајот во Европската комисија не е „Ден Д“, за европските интеграции на Србија. „Ниту 16 – ти април е „Ден Д“, ниту ќе се срушат сите наши соништа за ЕУ и Косово. Ќе осамне и 17 – ти април“, изјави Дачиќ. „Сакаме продолжување на дијалогот и сметаме дека тоа треба да биде пропратено со напредок во европските интеграции, затоа што Србија заслужува да добие датум“, вели Дачиќ. Тој истакна дека Србија бара да се подобри понудениот договор за надлежностите на заедниците во српските општини на Косово и Метохија. Српскиот премиер исто така потенцираше дека не е коректно да се условува Србија со датум за почеток на преговорите со ЕУ. „Сакаме одржливо решение, но не по секоја цена“, истакнува Дачиќ и додава дека Србија не преговара за добрососедски односи со Приштина, туку за надлежностите на заедниците на српските општини во Косово. Тој вели дека Белград ќе ги продолжи преговорите со Приштина, а доколку биде потребно и без посредници. „Ние Косово го решаваме за да можеме нормално да живееме, а не за да добиеме датум. Тој датум секако дека е наша цел, но од истата причина - да можеме нормално да живееме. Но, постојано во целиот тој процес мора да не води свеста дека Косово го решаваме поради Косово и Србија и оти мора да го решиме без разлика кога ќе добиеме датум,” истакнува српскиот премиер во интервјуто.  
Слично

Поврзани вести