Дачиќ: Инцидентот во Сребреница е обид за атентат
Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ го опиша инцидентот со премиерот Александар Вучиќ во Сребреница како атентат.
"Ова е скандалозен напад и можам да го дефинираме како обид за атентат. Босна не успеа да создаде дури минимални услови за да обезбеди безбедноста на премиерот", рече шефот на Министерството за внатрешни работи.
Српскиот премиер Вучиќ беше каменуван и исвиркан на крајот на комеморацијата во Сребреница. Обезбедувањето му се обиде да отвори чадор, за да го заштити, но тој одби и продолжи да минува покрај луѓето.
Според српската државна телевизија Вучиќ бил удрен со камен по главата. По инцидентот српската делегација брзо го напушти меморијалниот комплекс "Поточари".
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/ZdLXyzzRTG0[/embed]
Слично
