Дачиќ: ЕУ да си ја гледа работата!
„Наше право е да соработуваме со кого сакаме. Србија е независна држава“. Тоа го изјавил српскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ по повод критиките од Брисел за планираните воени маневри со Русија.
„Кои се тие да ни даваат лекции? Европската унија не е воен сојуз. Нека си ја гледа работата“, додал уште Дачиќ, кој беше очигледно гневен на прес-конференција во Министерството за надворешни работи во Белград.
„Воените маневри со Русија најверојатно ќе паднат во статистичката грешка, бидејќи воените тренинзи со оваа држава се апсолутна реткост во споредба со сите останати“, изјавил Дачиќ во одговор на прашањето како ќе ја коментира вмешаноста на Србија во маневрите „Словенско братство 2015“ што не се обесхрабруван од ЕУ.
Според него Србија има свои национални интереси и ќе прави се што е можно да ги брани со сите можни средства. „Ние треба да се бориме со Косово да не биде прифатено во УНЕСКО и тоа значи да водиме преговори со министрите за надворешни работи, чии држави не ја признале независноста на Косово“, додал уште српскиот дипломат.
„Да се водиме со традиционалните пријатели во името на нашето членство во ЕУ, за нас тоа ќе биде политичко самоубиство“, додал уште српскиот министер за надворешни работи. Во текот на долгите години Дачиќ беше десна рака на поранешниот српски диктатор Слободан Милошевиќ и негов долгогодишен портпарол.
