Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дачиќ: Ако Косово може да влезе во УНЕСКО, може и „Исламска држава“

Дачиќ: Ако Косово може да влезе во УНЕСКО, може и „Исламска држава“

Приемот на Косово во „УНЕСКО“ би било апсурдно и катастрофално за светската организација. Тоа е исто како некој да предложи „Исламска држава“ да стане членка. Тоа го изјавил српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, пренесоа локалните медиуми.

„Четири од српските светилишта во Косово се прогласени за светско културно наследство од страна на „УНЕСКО“ и тие се во опасност. Од кого е оваа опасност? Тоа е исто како некој да ја предложи „Исламската држава" за членка на УНЕСКО“, изјавил Дачиќ.

Според него Албанија го поставила членството на Косово во агендата надвор од стандардните процедури, а гласањето на Извршниот одбор на УНЕСКО се врши со мнозинство гласови.

Слично

Поврзани вести