Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дачиќ доаѓа утре во Скопје

Дачиќ доаѓа утре во Скопје

Првиот потпретседател на Владата на Србија и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ ќе го посети главниот град во функција на претседавач на ОБСЕ  и мисијата на таа организиција во Скопје, со што ја продолжува својата серија на посети во мисиите на ОБСЕ на терен.

За време на посетата претседавајќи со ОБСЕ Дачиќ ќе се сретне со претседателот Ѓорѓе Иванов и премиерот Никола Груевски, соопштуваат од министерството за надворешни работи во Србија .

Дачиќ во Скопје ќе разговара и со министерот за надворешни работи Никола Попоски, како и со потпретседателот на Владата за Охридскиот рамковен договор Муса Џафери и министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, се наведува во соопштението.

Слично

Поврзани вести