Економија, финансии, бизнис

Контакт

Да се жртвува своето дете е монструозно, но не е непозната појава

Да се жртвува своето дете е монструозно, но не е непозната појава
За жал вчерашната грозоморна случка, која верувам дека нема човек кој длабоко не го потресе, е показател дека постојат и такви жени “наречени мајки“ кои можат да го жртвуваат своето дете (за повеќето мајки своето најмило) за свои егоистични причини. Има приказна која важи и за животинскиот свет, кога мајката мајмунка и нејзиното младенче биле нападнати на пр. од лав таа има два избора или да го земе младенчето и да бега, или да избега самата што побрзо од опасната случка  а да го остави младенчето на милост и немилост. Тоа покажува дека сепак постојат мајки кои ги жртвуваат своите деца (или психолошки кажано ги отфрлаат) за да се спасат себе си или да остварат некоја своја цел. Сепак минимално оправдание (евентуално на суд) би била нејзината (мајчината) емоционална состојба која се нарекува состојба на афект, при која се случува стеснување на свеста при донесување на одлуки. Но обично во такви силни емоционални состојби (афекти) се случува самоубиство или убиство на возрасен ривал во конфликтот, но да се жртвува своето дете е навистина МОНСТРУОЗНО. Ова го тврдам затоа што природно и очекувано е мајката да има близина на афекивно врзување со детето кое е базичен облик на човековото однесување. Познатиот психолог Болби смета дека потеклото на ова однесување има биолошка природа. Незнам дали ова било прв ваков испад на тоа семејство, но доколку соседите забележале дека постои семејно насилство во кое е жртва детето (може да биде тепано или малтретирано) треба веднаш да пријават на полиција и во центарот за социјална работа. При тоа да се испита психичката состојба на родителите посебно во случајот на мајката. Од друга страна кои се траумите на тоа дете во иднина. Кај децата што имале  проблематично искуство и што биле често запоставувани во раното детство, или на некој начин биле трауматизирани,  е дијагностицирано опозициско пркосно нарушување, потоа нарушување во однесувањето или посттрауматски стрес.  ЗАтоа се препорачува детето да има редовни разговори со психолози кои се експерти во оваа област, за да што е можно повеќе се намали емоционалната штета што ја предизвикал овој настан. Д-р Орхидеја Шурбановска Институт за психологија Филозофски факултет-Скопје
Слично

Поврзани вести