Да се укине ограниченото време за продажба на алкхол,
Стопанската комора на Република Македонија ќе поднесе повеќе предлози до Министерството за економија за олсенување на дел од условите за продажба на алкохол, особено ограниченото време во продавниците кои во текот на летото е до 21 часот.
Елена Милевска-Штрбевска, оперативен директор на СКМ порача и дека овие барања ќе бидат дел од иницијативата за изменување на Законот за трговија, со кој се предлага и укинување на обврската за поседување лиценца за продажба на алкохолни пијалаци,.
„Иницијативата произлегува од барањата на компаниите-членки на Здружението на трговијата и Здружението на земјоделството и прехранбената индустрија. Во изминатите девет години од примената на овие ригорозни мерки во трговијата беше нанесена голема финансиска штета на трговците на големо и мало, како и на компаниите и домашната индустрија за производство на алкохол“, рече Милевска Штрбевска.
Според СКМ, единствена ефикасна мерка која досега била спроведувана е забраната на продажба и точење алкохол на лица под 18 години. Од Комората рекоа дека оваа мерка нема да биде променета.
