Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ДА СЕ СТОПИРА ПРАШАЊЕТО ЗА ТАБЛИЧКИТЕ ЕДНА ГОДИНА“: Амбасадорот Хил со став –Во регионот треба да се смират страстите

„ДА СЕ СТОПИРА ПРАШАЊЕТО ЗА ТАБЛИЧКИТЕ ЕДНА ГОДИНА“: Амбасадорот Хил со став –Во регионот треба да се смират страстите

Прашањето за регистарските таблички во Република Косово треба да се одложи за една година и да се решат клучните прашања, изјави денеска американскиот амбасадор Кристофер Хил.

Хил, одговарајќи на новинарски прашања, по присуството на примопредавањето на новата биотехнолошка опрема на Институтот за молекуларна генетика и генетско инженерство во Белград, изјави дека на Косово треба да се најдат долгорочни решенија и дека територијата треба да има перспектива на меѓународна позиција.

Од друга страна, вели тој, Србите на Косово и Метохија треба да имаат перспектива како ќе изгледа нивниот живот и како ќе го живеат.

– На овој регион му треба смирување на страстите – рече Хил.

Тој додаде дека треба да се смири ситуацијата во Косово за и таму да се создадат услови за изградба на биотехнолошки центар и развој.


Слично

Поврзани вести