Економија, финансии, бизнис

Контакт

Да се работи на создавање на услови за веродостојни избори-порача Могерини

Да се работи на создавање на услови за веродостојни избори-порача Могерини

Федерика Могерини, високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, на прес-конференција по завршувањето на Советот за надворешни работи на Европската Унија изјави дека политичарите во Македонија мораат да се заложат за отворен дијалог.

Таа додава дека целосно треба  да се имплементира Договорот од Пржино.

„Потребно е политичкото лидерство на земјата да се заложи за отворен дијалог, за имлементација на Договорот од Пржино од 2015 година, да се работи на создавање на услови за веродостојни избори, да се работи на владеење на правото, да се поддржи работата на Специјалното јавно обвинителство и да се имплементираат итните реформски приоритети“-вели Могерини.

Советот за надворешни работи на Европската Унија денеска во Луксембург расправаше за состојбата во Македонија,  по предлог на Германија и Велика Британија.

Шефовите на дипломатиите го повторија ставот на ЕУ за решавање на политичката криза во земјава. Имаше одбивање од Хрватска, Словенија, Грција, Полска, Чешка и Унгарија воопшто да се дискутира за можноста од поставување на некаков вид  санкции кон поединци во Македонија.

Слично

Поврзани вести