Економија, финансии, бизнис

Контакт

Да се продолжи притворот на Талески – бараат од СЈО

Да се продолжи притворот на Талески – бараат од СЈО

Специјалното јавно обвинителство вчера по распитот на градоначалникот на Битола. Владимир Талески, побарало од скопска единица да му го продолжи куќниот притвор.

Тој е првоосомничен во случајот „Транспортер“, а домашниот притвор  му беше одреден на 16 јуни. Талески и уште 22 лица се товарат дека го оштетиле Буџетот на Република Македонија за 360.000 евра со злоупотреби направени со ученички превоз во општината. Вчера Талески беше на распит во СЈО два и пол часа. По распитот во СЈО, Талески рече дека случајот што се води против него е наметната политичка хајка и дека еден снимен разговор не може да биде доказ.

Тендерите за организирање на училишниот превоз се транспарентни и ние ќе го докажеме тоа, изјави вчера Талески.

Слично

Поврзани вести