Да се преиспита начинот на гласање во дијаспората, бара ОМД
Нешто треба да се смени во стратегиите за гласање на македонските иселеници, смета Обединетата македонска дијаспора, организација која ги застапува интересите на Македонците што живеат во странство.
Според организацијата, важно е да се генерира многу поголем интерес за гласање, особено меѓу Македонците во Австралија.
„Сегашниот модел за гласање на дијаспората привлекува само помалку од 1 отсто од глобалната дијаспора. Тоа не значи и привлекување на најдобрите и најпаметните кандидати за високо чувствителната улога на пратениците од дијаспората чија задача е да се изградат односи со клучните чинители во Австралија и Македонија на парламентарно, на ниво на заедница, истражување и бизнис“, вели директорот на ОМД во Австралија Ордан Андреевски.
Претставници на оваа организација вчера во Вашингтон се сретнале со шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, од кого побарале МНР да отвори конзулати во Мајами, Лос Анџелес, Перт и Сиднеј, заради големиот број на Македонци кои живеат во овие градови.
Слично
