Економија, финансии, бизнис

Контакт

Да се повлече обвинението против Божиновски – бара ЗНМ

Да се повлече обвинението против Божиновски – бара ЗНМ

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска побара од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција да го повлече обвинението против новинарот Зоран Божиновски. ­

Од ЗНМ сметаат дека со овој чин се загрозуваат човековите права, но сето тоа има и негативно влијание врз медиумите.

„Се загрозуваат човековите права и слободи на новинар, а штети се предизвикуваат и врз слободата на медиумите и довербата на јавноста во работата на обвинителството и судството“ - рече  потпретседателот на ЗНМ, Томислав Кежаровски.

Тој пред Основното јавно обвинителство кажа дека институциите непотребно ја одложуваат постапката. ­

„Ако обвинителството имаше докази тогаш зошто им беа потребни скоро четири месеци да го обвинат Божиновски? Какви докази бараше обвинителството во меѓувреме кога за предметот „Шпион“ веќе првостепено се осудени 19 лица. Очигледно е дека обвинителството купува време затоа што нема цврсти докази да го поткрепи обвинението“ - додава Кежаровски.

Кежаровски потсети дека Европскиот суд за човекови права од Стразбург има констатирано дека затворање на новинари се смета за непропорционална мерка, освен ако се работи за дела поврзани со тероризам и говор на омраза. ­ Македонија како членка на Советот на Европа и потписник на Европската конвенција за човекови права и слободи има обврска да ги почитува пресудите на Европскиот суд.

Во меѓувреме, предметот за Божиновски наместо во Специјалното јавно обвинителство е предаден во Советот на јавни обвинители.

Слично

Поврзани вести