Да се поништат изборите во рок од еден час – бара Студентскиот пленум
Од Студентскиот пленум бараат да се поништат изборите во рок од еден час.
Oва во телефонски разговор го кажале на претседател на СПУКИМ, Кирил Спироски.
Ако тоа не се случи, велат дека ќе останат пред седиштето на Студентскиот парламент. За нив изборите се ништовни затоа што имаше низа нерегуларности.
Од Државната изборна комисија бараат да провери каде се кутиите кои се нивни, а не се во просториите на СПУКИМ. Од 23 кутии внатре има само три. Неизвесно е кога ќе има резултати и што се случува со другите кутии.
На Студентскиот пленум поддршка му даде и Професорскиот пленум.
Дел од партиите и политичарите ги нарекоа изборите скандалозни.
Слично
