Да се пакуваме на трактори или да се одбраниме - порачаа косовските Срби
Нова неизвесност за косовските Срби. Тие во разговор со претседателот на Србија, Александар Вучиќ рекле дека им преостанува само да се пакуваат на трактори или да се одбранат, пишуваат медиумите во Србија. Последните 72 часа се очекува да бидат најтешките за нашата земја во последните 10 години, а разговорите со претседателот траеле цела ноќ.
Вучиќ ги откажа службените патувања, а во сабота во 10 часот на седница на Владата на Србија ќе се сретне со министрите за новите настани на Косово и Метохија.
Седницата на Владата беше свикана за сабота по последните тензии на северот на Косово и Метохија и суспензијата на регионалниот командант на косовската полиција за север, Ненад Ѓуриќ. Косовските власти него го суспендираа. Тој е обвинет дека одбил да ја спроведе политиката на владата за постепено укинување на регистарските таблички издадени од Србија. Косовските Срби најавија дека ќе ги напуштат институциите.
Инаку, Србија деновиве собори дрон над Рашка. Косово негира дека тие се вмешани и дека прават првокации со набљудување на воени објекти. Имаше и палење на автомобили на косовски Срби.