Економија, финансии, бизнис

Контакт

Да се отвори македонски конзулат во градот Корча

Да се отвори македонски конзулат во градот Корча
Да се отвори македонски конзулат во градот Корча бараат претставнците на Македониците во Албанија. Ова го соопштиле на средбата во Поградец со претседателот Ѓорге Иванов. Според Васил Стерјовски генерален секретар на Македонска алијанса за европска интеграција, конзулатот во Корча треба да биде со конзул и неопходната администрација кој ќе има ингеренции исто како амбасадата. Вака, вели Стерјовски, не мора Македонците од Албанија да патуваат до Тирана за некоја информација или услуга од амбасадата туку тоа ќе може да го направат во конзулатот во Корча. Од посебно значење е во Корча да има македонски конзулат зашто е административен град на Префектурата Корча која опфака население од околу 220.000 жители и четири поголеми градови Корча, Поградец, Билишта и Ерсека. „Под Корча спаѓа и Мала Преспа и селото Врник во Деволската област и повеќе други села населени со Македонци на граница со Македонија. Овој конзулат ќе одржува поблиски контактите со македонското население во овој регион кое е под удар на грчката и бугарската пропаганда“, вели Стерјовски. Годинава во центарот на Драч, беше отворен почесен конзулат на Република Македонија.
Слично

Поврзани вести