Економија, финансии, бизнис

Контакт

Да се оконча кризата за десет дена – бараат од Форумот на слободоумни патриоти

Да се оконча кризата за десет дена – бараат од Форумот на слободоумни патриоти

Од Форумот на слободоумни патриоти го осудуваат однесувањето на политичките лидери и нивниот несериозен пристап при решавањето на политичката криза која веќе предолго трае во Република Македонија.

„Во изминатите неколку дена видовме дека со вашето несериозно однесување само допринесовте за санкции од страна на ЕУ. Во интерес на Република Македонија и на нејзините граѓани ве повикуваме во следните десетина дена да ја окончате кризата и да ја прекинете агонијата која веќе предолго трае“ - наведуваат во соопштението.

Одолговлекувањето не значи дека ќе успеете да се спасите од одговорност доколку сте го прекршиле Уставот и законите на Република Македонија, додаваат од Форумот на слободумни патриоти.

Слично

Поврзани вести