Економија, финансии, бизнис

Контакт

Да се одложи оценувањето на административците - бара Кирацовски

Да се одложи оценувањето на административците - бара Кирацовски

Да се одложи оценувањето на јавната администрација, бара дополнителниот заменик-министер за информатичко општество и администрација, Александар Кирацовски. 

Тој денеска соопшти  дека покренал ваква иницијатива. Побарал измени на Законот за административни службеници по скратена постапка и група пратеници уште денеска ќе го поднесат предлогот во Собранието. Со измените што ги  предлага се бара одложување на примената на законот до крајот на 2017 година.

„Изборна година е, за два месеца се предвремените парламентарни избори и не дозволувам никој предизборно да им се заканува и да ги уценува вработените во администрацијата, посебно не со уценувачкото и нелогично оценување“ - вели Кирацовски. 

Според него, оценувањето на администрацијата, така како што е предвидено е всушност самоволие на власта легализирано со закон. 

Тој се залага преку јавна и експертска расправа да биде утврден начин за мотивација на вработените во администрацијата, а не да се казнуваат. 


Слично

Поврзани вести