Да се изгради гасно поврзување Струмица – Петрич, бараат македонските и бугарските бизнисмени
Итно да се изгради гасно поврзување Струмица – Петрич, бараат македонските и бизнисмените од соседна Бугарија.
На тркалезната маса на која присуствуваше и премиерот Зоран Заев, бизнисмените го презентираа проектот на гасоводната интерконекција. Рекоа дека гасоводното поврзување е еден од наједноставните и најбрзите начини на поврзување на земјава со големите гасоводи (ТАП и ТАНАП), во регионот кои ја снабдуваат Европа со гас.
„Ние го подготвивме проектот и сега останува владите од двете земји да го забрзаат процесот. Потребно е да се формира заедничко претпријатие кое ќе знае како да го реализира проектот. Потоа реализацијата оди брзо бидејќи дневно се градат и по 10 километри гасовод. Премиере Заев вие веќе обезбедивте безбесност и сигурност за бизнисите, сега фокусирајте се на природната енергија. 2020 година која е прогласена за сина година во светот поради природните енергенци нека биде и година на природните енергенси во земјава“ – рече претседателот на Македонско Бугарската комора Кирил Лазаров.
Неговиот колега од Бугарско Македонската трговско индустриска комора, Пламен Павлов вели дека изградбата на гасниот интерконектор би чинела од 20 до 25 милиони евра, и би траела два до три месеци.
