Економија, финансии, бизнис

Контакт

Да се гради или не, протест за црквата „Св. Константин и Елена“

Да се гради или не, протест за црквата „Св. Константин и Елена“
Неколку стотици граѓани денеска се собраа пред местото каде што се гради црквата „Св. Константин и Елена“, до Спомен-куќата на Мајка Тереза и побараа поддршка за изградба на црквата која велат оти градоначалникот Андреј Жерновски има план да ја урне. Тие велат дека постои идеја на седницата на Советот на Центар да се расправа за измена на ДУП-от што ја опфаќа и црквата со што таа треба да стане дивоградба.  Тие го прашаа Жерновски како може да урива нешто што не го изградил, ниту пак почнал да го гради.Како организатор на протестот се јавува здружението „Веритас“, од каде упатија порака дека господ ќе ги казни оние што сакаат да рушат цркви. Насобраните граѓани порачаа и дека воопшто не се задоволни од работата на градоначалникот. Општина Центар: Спонтано собирање е дело на власта На ваквите обвинувања стигна реакција од Општина Центар. Оттаму сметаат дека владејачката партија стои зад „спонтано собирање“ на луѓе што протестираат поради носење одлуки на општинскиот Совет. „Проѕирно и неодговорно е што се манипулира со најинтимните и најранливите чувства, верските и односот кон децата. Инаку, сите акти на градоначалникот и на Советот се во правец на враќање на законитоста. Претходното раководство на Центар носеше одлуки кои беа противуставни и спротивни на интересите на граѓаните. Ревизијата ќе се прави за да се врати правниот поредок“, стои во соопштението од Општина Центар. На ова пак реагираа од владајачката ВМРО ДПМНЕ, од каде уште еднаш повротија дека Жерновски е бара изговори за сопствената неспособност.  
Слично

Поврзани вести