Економија, финансии, бизнис

Контакт

Да работиш во затвор е една од најстресните професии во Македонија

Да работиш во затвор е една од најстресните професии во Македонија
Работата во затворите во Македонија е една од најстресните професии и е проследена со психосоматски состојби кај вработените, покажуваат резултатите од истражувањето „Ставовите на вработените во пенитенцијарните установи во Македонија", кое го спроведе Факултетот за безбедност. На истражувањето 46 отсто од вработените во затворите покажале незадоволство од работата, а над  90 отсто се назадоволни од платата. Повеќе од половина сметаат дека нивниот придонес не се цени во установата. -Оваа книга, овој извештај од истражувањето, вие директори на затворите да си ја земете, да си ја исчитате и да седнете да разговарате со вашиот персонал, рече професорот Љупчо Арнаудовски. Истражувањето покажува дека вработените бараат подобри услови за работа, покачување на платите, остручување, едукација и обука во нормални услови, а не обуки какви што се спроведуваат во затворите колку да се рече.
Слично

Поврзани вести