„Да обезбедиме сигурна зима за сите наши граѓани“: Вучиќ разговараше со Ковачевски и Рама за најважните прашања!
Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, денеска одржа видео-конференција со премиерите на Албанија и Македонија како дел од иницијативата Отворен Балкан.
Пораката, која Вучиќ ја сподели на Инстаграм е дека разговарале за енергетската ситуација.
- Со Еди Рама и Димитар Ковачевски разговарав за заедничките чекори за обезбедување безбедна зима за сите наши граѓани, како и за претстојната средба во рамките на Берлинскиот процес. Отворен Балкан значи мир, просперитет и посигурна иднина за луѓето од нашиот регион, бидејќи заедно сме секогаш посилни – порача Вучиќ на Инстаграм.
Оваа објава на Вучиќ на социјалните мрежи за кратко време собра илјадници лајкови, кои можат да се сфатат како поддршка на иницијативата и сѐ што произлегува од истата.
фото: Инстаграм Screenshot
