Економија, финансии, бизнис

Контакт

Да нема владини реклами во медиумите

Да нема владини реклами во медиумите
Да нема владини реклами, да има казнена политика, да се променат советите на агенцијата за медиуми и МТВ, да се промени начинот на финансирање, но и да се намалат обврските на приватните телевизии околу производството на програмата. Ова е содржано во предлог- законот кој Здружението на новинарите на Македонија денеска ќе го достави до Собранието, кој ќе биде сличен со предлозите на европскиот посредник, Питер Ванхауте. Свој предлог закон за медиуми во Собранието достави и СДСМ. Според најавите расправата за него треба да се одржи утре откога еднаш беше одложена, а свој предлог до Собранието се очекува да достави и ДУИ во координација со ВМРО-ДПМНЕ . Преговорите на работните групи за медиумите се прекинаа. Иако партиите не се усогласија по ова прашање пораките на меѓународната заедница се дека на земјава и се потребни независни и професионални медиуми.
Слично

Поврзани вести