Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДА НЕМА ФРУСТРАЦИИ И НЕРВОЗА: СДСМ ветува дека ќе го укине екстерното тестирање!

ДА НЕМА ФРУСТРАЦИИ И НЕРВОЗА: СДСМ ветува дека ќе го укине екстерното тестирање!

Според опозициската партија најнеуспешен проект на опонентот на Заев-Никола Груевски е екстерното тестирање.

Од партијата на Заев велат дека овој начин на тестирање ги  зголемува фрустрациите кај наставниците, стресот кај децата, учениците и родителите.

Оттаму обвинуваат на хаос во образованието и велат дека власта не мисли воопшто на учениците туку упорно го турка проектот.

Како што веќе пишувавме денеска стартуваше полагањето на екстерно во училиштата но системот паѓаше при што во неколку школи немаше никакви услови за полагање.

Од СДСМ посочуваат дека е потребен развој во образовниот процес, наместо екстерно тестирање и  ветија дека во интерес на учениците, професорите, родителите и целокупниот образовен протест  ќе биде укинато доколку опозицијата застане на чело на новата Влада.

Слично

Поврзани вести