Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДА НЕ СЕ САНКЦИОНИРА УВОЗОТ НА УРАНИУМ ОД РУСИЈА ВО САД: Американските електроенергетски компании лобираат во Белата куќа

ДА НЕ СЕ САНКЦИОНИРА УВОЗОТ НА УРАНИУМ ОД РУСИЈА ВО САД: Американските електроенергетски компании лобираат во Белата куќа

Американските електроенергетски компании бараат од администрацијата на Бајден да не го санкционира увозот на ураниум од Русија, за кој сметаат дека е клучен за одржување на домашните цени на електричната енергија на ниво кое што ќе може да го менаџираат, објави Ројтерс, повикувајќи се на извори во индустријата.

Американскиот национален институт за енергија, трговска групација на американски компании за производство на нуклеарна енергија, вклучително и две од најголемите претпријатија, Duke Energy Corp и Exelon Corp, лобирале директно во Белата куќа.

Ураниумот е неопходен за производство на електрична енергија во нуклеарните централи. Се користи како гориво во реакторите за загревање на водата што создава пареа што ги става турбините во движење. Речиси половина од ураниумот што ги напојува американските нуклеарни централи доаѓа од Русија и нејзините соседи Казахстан и Узбекистан.

Овие постројки, пак, се одговорни за производство на приближно 20 отсто од електричната енергија во САД, покажуваат податоците на американската Управа за енергетски информации и Светската нуклеарна асоцијација. И покрај тоа што имаат големи резерви на ураниум во сојузните држави Тексас и Вајоминг, САД во моментов не произведуваат сопствен ураниум.

САД и нивните сојузници воведоа санкции кон Русија во изминатите неколку дена, по инвазијата на Москва на Украина. Меѓутоа, санкциите во моментов не ја покриваат продажбата на руски ураниум. На прашањето за лобирањето за ураниум, официјален претставник на Белата куќа рече дека американската администрација „ги слуша сите прашања од индустријата и ќе продолжи да го прави тоа додека се преземаат мерки кон Русија.


Слично

Поврзани вести