Да не се издаде еврообврзницата – бараат невладините
Преземање на итни мерки за реформите кои се предмет на преговори бараат од Иницијативата на граѓански организации „Предлог за итни демократски реформи“.
Тие бараат да не се издаде еврообврзницата, да не се дозволи легализирање преку закон на владините реклами, а Специјалното јавно обвинителство да добие специјализирано судско одделение кое ќе постапува по нивните предмети.
За областа медиуми предлагаат Владата веднаш да го повлече Предлог-законот за владино рекламирање, да се избере нов состав на Агенцијата за медиумии на МРТВ да и се обезбеди оддржлив извор на финансирање.
Во правосудството да се обезбеди непречена работа на Специјалното јавно обвинителство, потоа и да се формираат специјални одделенија во МВР и во Судот за постапките по предметите на СЈО.
Во секторот јавни финасии бараат преиспитување на одлуката за еврообврзницата, а за изборите имаат предлози за изборните комисии, прочистувањето на избирачкиот список, како и да се истражат случаите за притисоци врз вработените во администрацијата.
