Да има или да нема ново зголемување на минималната плата: Прашање е сега ...
Новото зголемување на минималната плата ја бранува бизнис заедницата. Бизнисмените негодуваат и бараат поддршка за минималецот од државата.
Убедени дека ефектот ќе биде 0 врз другите плати и дека животниот стандард на работниците со најниски плати нема да се подобри бидејќи зголемувањето е симболично.
Зголемување односно преговарање со работодавците за зголемување на минималецот најави премиерот кој ќе бара од 1 јули минималната плата да биде 13 000 денари.
Тивок бојкот за оваа мерка на премиерот има и кај малите бизниси кои пак велат дека ќе се соочат и со потешкотии во работата ама и со пад на заработувачката.
Дел од експертите убедени дека за да се зголемат платите треба да се направи сериозна анализа и еконмски чекори додека од друга страна очекувањата на Заев се дека до крајот на мандатот минималната плата ќе изнесува 16 000 денари.
