Економија, финансии, бизнис

Контакт

Да им се помогне со посебен пакет мерки, бараат угостителите

Да им се помогне со посебен пакет мерки, бараат угостителите

Владата да направи посебен пакет мерки за нив, бараат угостителите кои денеска излегоа на протест. 

Објаснуваат дека се 100 отсто погодени од пандемијата на коронавирусот. Велат  дека тие се единствени субјекти кои имаат забрана за вршење дејност. 

„Премиерот Заев презентирајќи го петтиот пакет мерки, во мерката број 8 презентираше помош од 1.3 милиони евра за транспортните компании за патници кои имаат пад од минимум 50 отсто. Како што кажа, го парафразирам ‘државата директно ја ограничи со мерки нивната дејност и работење’. Па, зарем ситуацијата кај нас е поинаква? Ние немаме ограничувања во дејноста, кај нас е и полошо, ние имаме забрана за вршење на нашата примарна дејност за која сме ги отвориле објектите и доколку работиме кривично одговараме“, рече угостителот Перица Голомеиќ.

Вели дека тие пет месеци нивните вработени ги исплаќале од сопствени средства, додека државата им помогнала за шест месеци. 

Бараат итно укинување на забраната за секаков вид на настани во отворен и затворен дел од угостителските објекти, односно бараат државата да донесе протоколи со кои ќе можат да се прават свадби, крштевки, родендени…

Министерот за економија, Крешник Бектеши, изјави дека угостителите имале доволно помош во четвртиот пакет мерки и дека не се заборавени ниту во петтиот пакет економски мерки. Тој рече дека денешниот протест е ултиматум за државата и дека не прифаќа ултиматуми. 

foto freepik

Слично

Поврзани вести