Д-Р СТЕВАНОВИЌ СО ДРАМАТИЧНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во болниците во Србија има место само за уште наредните 24 часа
Директорот на
Клиниката за инфективни болести во Белград, д-р Горан Стевановиќ денеска
предупреди дека бројот на хоспитализации целосно ги исполнил болничките
капацитети
„ Приливот на пациенти не се намалува. Имаме места во болниците во следните 24 часа, можеби малку повеќе, и после тоа треба да отвориме нови капацитети“, вели д-р Стевановиќ.
По состанокот со министерот за здравство и другите директори на болниците во ковид-центрите, д-р. Стевановиќ вели дека ситуацијата во Србија е алармантна и дека наскоро ќе нема ниту еден празен болнички кревет.
Тој рече дека се поголем е бројот на пациенти кои се млади луѓе и кои имаат сериозни клинички слики и кои често пристигнуваат во болниците по седум дена домашно лекување.
