Д-р. Стефановиќ: Има заразени пациенти од Ковид-19 меѓу двете дози од вакцините
Директорот
на Клиниката за инфективни болести во Белград, д-р Горан Стевановиќ, истакна
дека е потребно лицето да ги прими двете дози на вакцината, а потоа од 10 до 15
дена да се смета за имунизирано и соодветно заштитено од корона вирусот.
- Првата доза на вакцина не гарантира заштита од вирусот. Имаме пациенти кои се заразиле помеѓу двете дозите. И не станува збор за некаква инфекција која е последица на вакцинирањето, туку тоа е инфекција која е настаната меѓу двете дози затоа што на вакцината всушност не и дадено доволно време да го стори тоа што треба, рече Стевановиќ
Тој апелираше до сите што планираат да ги поминат претстојните празници, односно четири дена на планина и одмор, да се придржуваат до мерките.
Foto: BETAPHOTO/ Predsednistvo Srbije Dimitrije Goll
Слично
