Економија, финансии, бизнис

Контакт

Д-р. Јанковиќ: Вирусот масовно го шират тинејџерите, а глупостите дека луѓето се заразуваат со вакцината ќе не одведат до вистинска катастрофа

Д-р. Јанковиќ: Вирусот масовно го шират тинејџерите, а глупостите дека луѓето се заразуваат со вакцината ќе не одведат до вистинска катастрофа

Во моментот, инфекцијата на корона вирусот ја шираттинејџерите, кои се или асимптоматски или имаат благи симптоми, и постои сомневање дека тие дури и не се јавуваат кај лекарите за да избегнат изолација, па едноставно само го шират вирусот, предупредуваат лекарите во Србија.

- Вирусот нема да исчезне. Мерките за прекинување контакти и синџирот на инфекција треба итно да се донесат - вчера! – вака фигуративно се изразџи проф. Д-р Радмило Јанковиќ, заменик директор на Клиничкиот центар во Ниш и директор на Клиниката за анестезија и интензивно лекување.

Ситуацијата е навистина драматична, појаснува проф. Јанковиќ, и сосема е несфатливо да се однесуваме како што се однесуваме, и со и без мерки, пренесува Телеграф.рс.

- Атмосферата што го зафати општеството е целосно неприфатлива и ни се заканува црно сценарио. Болниците се повеќе исполнети отколку што беа во декември, целосно ќе престанеме да третираме други пациенти. Покриеноста на вакцинацијата веќе е сериозно намалена, а таа ќе се намали само затоа што заразените не можат да ја примат вакцината, истакнува проф. Јанковиќ.

Единствениот правилен излез од ова е да се намали или целосно да се елиминира можноста за ширење на вирусот кај популацијата.

- Не мора да биде полициски час, но не може да има група од повеќе од 3-4 лица на улица, да нема собирање во затворени простории, освен онаму каде што мора, како што е одење во продавници. И немаме друга алтернатива освен да продолжиме со имунизација. Секој што одбива вакцинација од која било причина, мора да биде свесен дека порано или подоцна ќе стапи во контакт со вирусот и ќе се разболи, и не можам да знам каква клиничка слика ќе развијат и дали ќе биде тешка форма. Глупостите дека луѓето се заразуваат со вакцината само ќе не одведат до вистинска катастрофа. Луѓето не треба да се плашат од вакцинација, нема да се разболат од тоа, но мора да избегнуваат контакти и можност за инфекција се додека не поминат најмалку три недели од втората доза - вели Јанковиќ.


Слично

Поврзани вести