Економија, финансии, бизнис

Контакт

Д-Р ЈАНКОВИЌ ПО ВЕСТА ДЕКА НОВИОТ СОЈ ДОШОЛ ВО СРБИЈА - Да бидеме внимателни, но сепак, има и една добра работа

Д-Р ЈАНКОВИЌ ПО ВЕСТА ДЕКА НОВИОТ СОЈ ДОШОЛ ВО СРБИЈА - Да бидеме внимателни, но сепак, има и една добра работа

Проф. Д-р Радмило Јанковиќ, заменик-директор на КЦ Ниш, за Курир.рс, посочува дека фактот што се појави британскиот вид коронавирус во Србија е сериозно и драматично предупредување за сите граѓани на Србија дека треба да се придржуваат до сите анти-епидемиски мерки.

„Несомнено, присуството на Кент мутацијата кај популацијата доведува до драматично побрза инфекција, и затоа претставува епидемиолошки предизвик. За жал, податоците презентирани од британскиот премиер Борис Џонсон, а кои се базираат на истражување на референтни британски лаборатории, покажуваат дека овој мутиран вид на „Сарс-Ков-2“ може да предизвика до 40 отсто повеќе смртни случаи. Овие податоци, иако се сè уште прелиминарни, изгледаат прилично драматични и претставуваат сериозно предупредување“, нагласува Проф. Јанковиќ.

Тој изјавил дека досегашните податоци биле прилично оскудни, но и дека  оние што постојат - се контрадикторни.

„Единствената добра работа е што, постојат сите шанси дека имунитетот создаден со вакцинација ефикасно штити и од овој вид на вирус. Ние, секако, треба да бидеме многу внимателни во светло на официјалните информации дека видот Кент се појавил и кај нас“, вели проф. Јанковиќ.

извор и форо Курир.рс

Слично

Поврзани вести