Економија, финансии, бизнис

Контакт

Cyber security во фокусот: Интегратор – регионална cyber security конференција

Cyber security во фокусот: Интегратор – регионална cyber security конференција

За трендовите во cyber безбедноста, security сервисите,  складирањето на податоци во Cloud, заштитата на деловните апликации, успешните дами во светот на cyber безбедноста, за осигурувањето и за многу други теми се разговараше на дводневната регионална cyber security  конференција „Интегратор“ во организација на компанијата Sky Express.

Најеминентните IT стручњаци од земјата и од странство ги претставија најновите, непристрасни и во моментов најрелевантни информации и практики во областа на инфомационата безбедност.

„Компанијата Sky Express се занимава со дистрибуција и имплементација на најнапредни софтверски решенија за cyber безбедност и со услуги во областа на информационата безбедност на пазарот на Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Северна Македонија.


Како еден од регионалните лидери во оваа област, компанијата Sky Express и нејзиниот партнерски фонд, Evolution Equity Partners од Цирих, имаат шанса но и обврска не само да го опслужуваат пазарот на регионот со квалитетни security софтверски решенија, туку и да вршат едукација на корисничката публика и да ја подигаат заедничката свест за директната и индиректната опасности за безбедноста и интегритетот на дигиталните податоци.

Нашата идеја е конференцијата секоја година да се одржува во друга земја од регионот, во која работиме, за да ги поддржиме локалните напори за развој на IT безбедносната култура, да иницираме нови локални инвестициони потфати преку нашиот фонд Evolution Equity Partners и да помогнеме во заштитата на најчувствителните и личните податоци“, истакна CEO на компанијата Sky Express, господин Мајо Мићовић.

Сајбер криминалот е во експоненцијален пораст, последиците од нападите се повеќекратни, од финансиски, преку репутациони до економско уривање на компаниите.

Препорака за компаниите е овој предизвик да го сфатат како постојана закана и да преземат чекори во интерес на заштитата на чувствителните податоци пред да настане штета.

Компанијата Sky Express им благодари на партнерите на „Интегратор“ конференцијата на поддршката: Evolution Equity Partners, VMware, Onapsis, LogPoint, Comtrade, Enetel Solutions, Security Scorecard, Open Systems, Airloc, Eperi i Dflabs.


Слично

Поврзани вести