Економија, финансии, бизнис

Контакт

Цвета туризмот во Грција, се поставуваат нови рекорди!

Цвета туризмот во Грција, се поставуваат нови рекорди!
Туризмот и помогнал на грчката економија во вториот квартал , покажуваат ревидираните податоци за економскиот раст на Државниот завод за статистика на Грција. Втората проценка на бруто домашниот производ ( БДП ) покажува дека падот за периодот април -јуни бил 3,8 % , а не 4,8 % , како што беше првичната проценка . Со најголем придонес е туристичката индустрија . За овој период има раст  5,3 % раст на прометот во хотелите и рестораните наспроти падот од 21% во истиот период минатата година. Забележано е и подобрување и кај трговскиот дефицит на земјата, а оваа година се очекува да приходите од туризмот во Грција да постигнат рекорд . Според прогнозите земјата ја посетиле над 17 милиони луѓе , а во оваа бројка ги нема туристите од крстарењата. Грчкиот туризам успешно привлекува и клиенти од нови пазари. Гостите од Русија на пример веројатно ќе бидат над 1 милион , рсте бројот на посетителите од Украина , а за прв пат над 800 илјади Турци се очекува да го посетат соседот оваа година . Регистриран е  и раст на резервации од Германија , а за зголемениот интерес за Грција помагаат и тензиите на Блискиот Исток . Внатрешниот туризам сепак продолжува да бележи пад .
Слично

Поврзани вести