Cудот му го продолжи притворот на Кежаровски за нови 30 дена
Кривичниот суд го одби барањето на семејството на новинарот Томислав Кежаровски кое бараше тој да се брани од слобода, за што како гаранција приложи недвижен имот, и му го продолжи притворот за нови 30 дена.
Како причина за тоа, од Cудот ја наведоа можноста, Кежаровски да побегне и да ја напушти државата.
Кежаровски кој беше уапсен во полициската акција „Ликвидација“, трет ден штрајкува со глад. Тој е притворен поради наводно објавување на име на заштитен сведок во 2008 година.
Домашните и регионалните новинарски здруженија побараа ослободување на Кежаровски, а ОБСЕ изрази загриженост дека случајот може да ја влоши слободата на медиумите во Македонија.
Слично
