Економија, финансии, бизнис

Контакт

Cтрушкиот муфтија не се појави кај владиката Тимотеј – Проблемот околу црквата во Октиси останува нерешен

Cтрушкиот муфтија не се појави кај владиката Тимотеј – Проблемот околу црквата во Октиси останува нерешен
На денешната средба кај владиката Тимотеј во Охрид, на која требаше да се постигне договор за црквата Св. Димитрија во струшкото село Октиси, дојде само градоначалникот на Струга, Зијадин Села, но не и струшкиот муфтија во ИВЗ, Салим Сулејмани. На тој начин, како што објави А1 Он, проблемот околу оваа црква и натаму останува нерешен. - Станува збор за верски проблем и јас можам да го дадам само својот придонес, верските заедници да се договорат, но не и да се мешам во овие работи. Наша цел е граѓаните да живеат мирно и спокојно и да немаме вакви проблеми. Не ни се потребни верски проблеми помеѓу граѓаните кои живеат во Македонија - изјави струшкиот градоначалник, Села. За Села најдобро решение во моментот е издавање на времена мерка, не за забрана за градба, туку за забрана на моментални активности на терен. - На тој начин, рокот за градба, 30-ти септември, кој православните верници го имаа, ќе се продолжи, а со тоа ќе се даде простор страстите да се смират и верските заедници да се договарат. Тоа е најдоброто решение во моментот, заради безбедносни причини - рече Села. Средбата во Охрид доаѓа откако во неделата верниците од муслиманска вероисповест не дозволија да биде поставен камен темелник за иградба на црквата Св. Димитрија во Октиси.  
Слично

Поврзани вести