Економија, финансии, бизнис

Контакт

Cтојановски: Cамо за две набавки, за ископ и транспорт на јаглен, РЕК Битола потрошил 70 милиони евра

Cтојановски: Cамо за две набавки, за ископ и транспорт на јаглен, РЕК Битола потрошил 70 милиони евра
Како резултат на неодговорното трошење на паритe во АД ЕЛЕМ и МЕПСО, во последните седум години, откако ВМРО-ДПМНЕ е на власт, реално двојно се пораснати сметките за струја на македонските граѓани, обвини на денешната прес-конференција Благоја Cтојановски од CДCМ. - Во 2006 година за откоп на јаглен и јаловина АД ЕЛЕМ има потрошено околу 167 милиони денари (166.937.124), а во 2007 година оваа сума пораснува повеќе од 2,5 пати и изнесува 440 милиони денари. (441.224.143). Во 2008 година, повтоно зголемување на 500 милиони денари (508.728.404 денари). Додека сумите за откоп на јаглен и јаловина се поголеми, во исто реме, сосема спротивно од логиката, производството на електрична енергија во РЕК Битола и во 2007 и во 2008, е помало од она во 2006 година - рече Cтојановски. Тој посочи дека само за две набавки, за ископ и транспорт на јаглен и јаловина, во РЕК Битола биле склучени договори за околу 70 милиони евра. - Едниот, склучен со ПЕЛИСТЕР Битола ДОО на 16.05.2012 година, за две години, во вредност од над 3 милијарди денари (3.280.400.000) и другиот на три години, склучен на 10.01.2012 во вредност од над 1 милијарда денари, или двата заедно нешто преку 70 милиони евра.  Колку механизација може да се купи за 70 милиони евра или уште повеќе за 140 милиони евра?  Одговорот веројатно е дека целата оваа механизација што била ангажирана и тоа ганц нова. Сосема веројатно и дека сериозна сума во милиони евра плус би останала во касата на АД ЕЛЕМ. Така, АД ЕЛЕМ во наредните десетина години не би имала потреба да ангажира надворешна градежна механизација - изјави Cтојановски.
Слично

Поврзани вести