Cтаро купујем – плати данок!
Лицата што собираат стари метали и ги продаваат, ќе плаќаат данок, пишува весникот Вест. Имено, министерството за финансии подготвува измени на Законот за персоналниот данок на доход, според кои, приходот кој го остваруваат лицата од продажба на стари метали, од 2014 година ќе се оданочува со персонален данок на доход.
Во образложението од Министерството за финансии стои дека измените се потребни, зашто во инспекциските надзори потврдиле дека во секојдневната практика има лица што остваруваат високи приходи од продажба на стари метали во големи количини, а се ослободени од плаќање персоналец. Министерството предлага бришење на точката 21-а од членот 6 од Законот, со која од данок се ослободуваат приходите од продажба на користен цврст отпад, остварени од физичко лице.
Слично
