CSI сериите, сон и далечна реалност за дипломците по безбедност!
Каде завршуваат дипломираните студенти по безбедност и криминалистика?!
Факултетската диплома ја губи важноста на пазарот на труд. Се почесто, без соодветно образование и искуство се пополнуваат работни места. Д.Н, е веќе пет години без работа, а е од редовите на првата генерација на Факултетот за безбедност во Скопје, отсек криминалистика. И, додека, нејзините родители со скромни работнички плати потрошиле цело за нив “богатство” за да ја школуваат, со надеж дека ќе најде работа, денес, работи како помошничка во адвокатска канцеларија. Од утро, до вечер, без одмор, без работно време и за плата од 10 000 денари. Вели, морав досега да прифаќам работи кои не ја задоволуваат ниту ниту мојата професија, ниту интелегенцијата, но за парче леб, и да не зависам од родителите се нафатив на се! Па и на класично експлоатирање на умот и знаењето!
Д. Н е само една од околу 200-те дипломци од првата генерација по криминалистика, кои сеуште се надеваат дека ќе најдат работа по нивната струка или барем сродна на неа. Но, чекајќи “остареа” за последните конкурси кои ги распиша Министерството за внатрешни работи. Денес, најголемиот дел од нив ја поминале дваесетипетатта година и сега останала само надежта, дека еден ден, некој ќе се сети на студентите кои излегуваат од овие редови. Само мал процент од нив, како ги велат “најсреќните” успеале да стигнат до работно место.
“Дипломирав на 1-ви јули 2008-мата. Веќе пет години чекам работа, нема ниту еден јавен оглас кој би ги третирал високообразовните кадри од нашиот сектор. Се сеќавам на логорувањата во униформа со амблем –македонско знаме на рамото, на праксата во полициските станици! Тогаш навистина верував во институциите и во смислата на моето студирање, потрошеното време и пари. Плаќав по 800 евра годишно, дополнително трошоците за книги, храна, облека. Цело богатсво за моите родители кои крпеа крај со крај да ме школуваат и да ми овозможат да си го остварам сонот. Студиите ми траеја 4 години,бевме сместени во интернатот во Идризово, а веќе во трета година се насочувавме, за во рекордно време да се здобијам со звањето-дипломиран криминалист на безбедносна насока. Ах, тоа колку гордо ми звучеше тогаш! А, денес? Незнам како да ги опишам чувствата, дали да се срамам или да се гордеам , кога ќе ме прашаат што понатаму?” -вели Д.Н -дипломиран криминалист. Најголемиот револт кај секој поединец , додава Д.Н, се создава кога при вработување не изедначуваат со сите останати студенти на пазарот на труд. Она што најмалку очекува е барем да се отвори прашањето за нив.
Дека сонот на идните студенти и дипломци по криминалистика не е како во CSI сериите, вели и професорот Владимир Пивоваров од факултетот за детективи и безбедност на Унивезитетот ФОН. Според него, кадровската политика на секој безбедносен систем претставува основен темел, најбитен сегмент за успешно исполнување на задачите и целите кој истиот треба да ги исполни. Пазарното стопанство кај нас не го ограничува бројот на идните криминалисти. Од тука и започнуваат проблемите.
“Секоја година во РМ добиваме по околу двеста дипломирани криминалисти кои очекуваат вработување во МВР, кое мора да признаеме нема таков капацитет. Меѓутоа загрижувачки е фактот дека на работни места предвидени за криминалисти се примаат кадри со несоодветна стручна наобразба и тука лежи исфрустрираноста на овие млади луѓе за немањето на сериозен однос кон нивните тешко стекнати дипломи. Дипломираните криминалисти треба да знаат дека својата егзинстенција не треба да ја бараат само во МВР туку и во приватниот сектор, приватните детективски агенции, агенциите за обезбедување на имоти и лица и други компании кои имаат потреба од ваков кадар.
Неодамна кај нас МВР распиша конкурс за прием на 400 полицајци кои треба да исполнат психички и физички предуслови за прием на работа. Медиумите објавија дека за едно место конкурираат петнаесетина лица. Ова е лош показател за состојбите во општеството од причини што досега никаде во историјата на независна Македонија во процесот на производството не се пријавуваат лица за вработување во ваков обем. Доколку ситуацијата со барање на работни места е обратна од онаа што ја имаме тогаш треба да бидеме среќни дека живееме во економски стабилна држава” -вели проф.Пивоваров.
Политиката надвор од полицијата!
Секоја сериозна држава бројот на своите полициски службеници ги проектира согласно потребите кои се условени од безбедносната состојба која ја имаат. Без политички и партиски притисоци со цел да се добие квалитет, а не само квантитет. Да се создаде пример за тоа како треба да функционира еден државен безбедносен систем, подготвен да одговори на сите внатрешни и надворешни притисоци.
Ако зборуваме од аспект на квантитет, вели професор Пивоваров, треба ваквиот конкурс да го подржиме но доколку зборуваме за квалитет тогаш се поставуваат безброј прашања на кои со години не добиваме одговор од надлежните институции.
Имајќи ја во предвид партизираноста на инстутициите првото прашање е колку и до каде во изборот на кадрите ќе бидат инволвирани партиите на власт?
„Сите политички субјекти“, додава,„треба да сватат дека една демократска држава несмее ниту да помисли да ги политизира институциите а посебно не безбедносниот систем. За жал, ние во Република Македонија неможеме од овој проблем да се отргнеме. Доколку приемот на кадри во безбедносните служби се изврши по партиска препорака тогаш ќе имаме партиска полиција, а доколку пак за тoа,при прием на кадри во безбедносните служби основот е корупција, тогаш таквите лица во своето службување само ќе генерираат корупција како еден вид на стекнато право. На вакво нешто несмееме ниту да помислиме затоа што со вакви претпоставки за прием на кадри во безбедносните служби наместо во иднина да очекуваме благопријатна безбедносна клима може да очекуваме влошување на безбедносната состојба, што со сигурност ќе не одалечи од НАТО и ЕУ аспирациите“ вели Пивоваров.
На ова сериозно прашање, додава професор Пивоваров, треба да имаме сериозен пристап кој нема да дозволи идна партизираност или корумпираност на безбедносниот систем. Денеска, според него, „се помал е бројот на едуцирани криминалисти во редовите на МВР, а тие треба да се основниот предуслов за успешно извршување на сериозните безбедносни предизвици кој во моментот и во иднината не очекуваат. Исто така, вели и бројот на професионалците е се помал што е уште еден лош показател“ потенцира проф. Пивоваров.
Експертската јавност повеќепати посочува дека сериозните држави своите безбедносни кацитети ги проектираат согласно потребите, па и толкав број на кадри школуваат на своите полициски академии. Приватниот безбедносен сектор, во земјите членки на ЕУ е сериозен партнер на државниот безбедносен сектор, а ваквиот тренд на вработување на дипломираните криминалисти треба во чекор да го следи и земјава. Ова според експертите е еден од начините со кои би можел да се намали притисокот од големиот број на дипломирани криминалисти, но само со предуслов за измени во законските решенија кои ја регулираат областа на приватната безбедност.
С.Б.

Слично