Економија, финансии, бизнис

Контакт

Црвена линија: Колку најмногу ќе смее да се зголеми државниот долг в година?

Црвена линија: Колку најмногу ќе смее да се зголеми државниот долг в година?

Владата може да го зголеми нето задолжувањето по основ на државен долг за најмногу 575 милиони евра в година, стои во ревидираната фискална стартегија од 2019 до 2021 година што ја објави Министерството за финансии. Во ревидираната стратегија има среднорочни и краткорочни лимити за задолжувањата. Ограничувањето од вкупно нето задолжување од 575 милиони евра за догодина е краткорочен лимит за државниот долг. Гарантираниот долг на јавните претпријатија пак кој влегува во вкупниот јавен долг може да се зголеми за 250 милиони евра на нето основа. 

„Во 2019 година се очекува интензивирање на инвестициите во областа на патната инфраструктура кои се имплементираат со заеми гарантирани од државата. Заради тоа се очекува зголемување на состојбата на гарантираниот долг, и се утврдува лимит за максимално нето-задолжување по основ на гарантиран долг во 2019 година до 250 милиони евра“, стои во стратегијата. 

Инаку среднорочно се планира вкупниот јавен долг да не надмине 60 отсто од БДП. Проекциите се јавниот долг да се зголеми до рекордни 54,5 проценти од БДП во 2020 година, и потоа да се намали до 53,2 отсто од БДП во 2021 година.

„Врз основа на среднорочната буџетска рамка од која произлегува потребата за финансирање на буџетските дефицити на среден рок, потребите за отплати на претходни долгови, како и имплементацијата на проектите што се надвор од централната власт, движењето на јавниот долг на среден рок ќе има умерен пораст, но сепак ќе се движи во адекватни рамки, односно нема да ја загрози одржливоста на долгот, смета Министерството за финансии.

Владата ќе го финансира буџетскиот минус во следните години со задолжување дома и во странство.

А.Т.

Слично

Поврзани вести