Црвен картон за несовесните пешаци!
Наместо казна од 3.000 денари, опомена со црвен картон. Полицијата вака ќе ги дисциплинира пешаците кои ги прекршуваат сообраќајните правила. Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска го означи стартот на кампањата која има за цел да ја зголеми свеста на пешаците за нивната улога во безбедноста во сообраќајот.
„Една петтина од жртви во сообраќајот во минатата година се пешаци, а заедно со моторциклистите и велосипедистите, пешаците сочунуваат една половина од загинатите лица. Токму затоа во неделата на пешаците која трае од 1-7 април се одлучивме да спроведеме една превентивна активност и наместо вообичаеното изрекување на казна од 3000 денари за непрописно преминување на пешаците овој пат даваме флаери во црвена или зелена боја“, истакна Јанкулоска.
Според статистиката, годишно околу 40 лица го губат животот во сообраќајни несреќи како пешаци, а дури 200 сообраќајки се предизвикани од лица кои несовесно се однесуваат во сообраќајот како пешаци.
Слично
