Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Croatia Osiguranje“ го превзема „BNP Paribas Cardif“ осигурување

„Croatia Osiguranje“ го превзема „BNP Paribas Cardif“ осигурување

Croatia Osiguranje го превзема во целост уделот во BNP Paribas Cardif осигурување, објавува Загрепската берза. Вредноста на превземањето не е позната, а договорот за купопродажба ќе биде валиден веднаш по одобрувањето на Хрватската агенција за надзор на финансиските услуги.

Француската групација BNP Paribas осигурување во Хрватска е присутна од јули 2007 година, а на корисниците им понуди нови видови на производи познати како осигрување во случај на смрт на корисник на кредит, осигурување од траен инвалидитет, осигурување од подолго боледување и отказ, пишува  seebiz.

Croatia Osugiuranje пак, е една од најстарите осигурителни компании во Југоисточна Европа. Основана во 1884 година со својата 130 годишна традиција претставува синоним за сигурност и квалитет на пазарот.

Во првото тромесечје на 2017 година групацијата Croatia Osiguranje остварила нето добивка од 9,8 милиони евра, што претставува раст од 71% во споредба со истиот период минатата година. На крајот на април 2017 година Croatia Osiguranje завзема 30,91% од вкупната пресметана бруто полисирана премија.

Слично

Поврзани вести